Евертон му понуди нов договор на голманот Џордан Пикфорд. Актуелниот договор на 28-годишниот англиски репрезентативец истекува за две години, но тој е важен играч за „карамелите“ и сакаат долгорочно да го врзат.
„Клубот разговараше со Џордан. Тој е исклучително важен играч за нас и сите сакаме тој да остане. Верувам дека е среќен тука. Можеби ќе почекаме да заврши лудилото на преодниот рок и по неколку недели мирни ќе ги средиме работите брзо и лесно“, убеден е Лампард.
Пикфорд дојде во Евертон од Сандерленд во 2016 година. Во последните сезони, тој стана клучна фигура за клубот, со 200 настапи за „карамелите“ во сите натпреварувања досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













