Connect with us

Евертон му даде отказ на Лампард

Фрaнк Лампард веќе не е тренер на Евертон. Веста ја пренесоа сите водечки медиуми на Островот, иако допрва треба да биде официјално потврдена од „Гудисон Парк“. Ова доаѓа два дена откако Евертон загуби со 2-0 од Вест Хем, што беше трет пораз по ред за тимот во Премиер – лигата.


Лампард ја презеде функцијата во јануари 2022 година кога го замени Рафаел Бенитез. Легендата на Челси помогна да се спаси Евертон од испаѓање минатата сезона, но работите дефинитивно не одеа добро оваа сезона.

Евертон освои само 15 бода од 20 досегашни натпревари, со само три победи во Премиер – лигата од почетокот на сезоната. Последната беше на 22 октомври против Кристал Палас.

Севкупно, Лампард го предводеше Евертон во 44 натпревари во кои тимот забележа 12 победи и 24 порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови