Поранешниот напаѓач на Евертон, Данкан Фергусон, е избран за привремен менаџер на клубот. Тој ќе го води тимот на претстојните натпревари.
50-годишниот Фергусон по вторпат зазема ваква позиција. Во 2019 година тој веќе го водеше тимот.
Под негово водство, тимот освои пет бода на три натпревари (против Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал).
Евертон во неделата објави дека се разделува од Рафаел Бенитез како менаџер. 61-годишниот Шпанец е на чело на клубот од Ливерпул од јули 2021 година.
По 19 натпревари во Премиер – лигата, „карамелите“ освоија 19 бода и се на 16. место на табелата.
🔵 | Duncan Ferguson has been appointed as caretaker manager for our upcoming games.
— Everton (@Everton) January 18, 2022
He will be supported by John Ebbrell and Leighton Baines, along with Goalkeeping Coach Alan Kelly.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal