Connect with us

Еуфорија во Мадрид: Мбапе до петок потпишува за Реал?

„Радио Марка“ ја запали атмсферата во Мадрид со информацијата дека Килијан Мбапе до петок може да стане нов член на Реал. Наводно, „кралскиот клуб“ не сака Мбапе ниту да се збогува со Париз, да одигра натпревар со Реимс в недела, туку да пристигне во Мадрид викендов на прегледи и да го потпише договорот.


Еуфоријата во Мадрид расте, а речиси е извесно дека до крајот на преодниот рок овој мегатрансфер ќе биде реализиран.

ПСЖ ја одреди цената на 200 милиони евра, но Реал Мадрид смета дека 185 милиони ќе бидат доволни за „светците“ да се согласат и да дадат дозвола за трансферот.

Мбапе и неговите лични услови не се проблем, тоа е веќе се договорено многу однапред, тврдат шпанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови