
Маркус Рашфорд и Марко Асенсио го засилуваат тимот на Астон Вила. Како што беше најавено, Вила ќе добие две големи засилувања од Манчестер Јунајтед и од Пари Сен Жермен, барем до летото, бидејќи Рашфорд и Асенсио ќе дојдат на позајмица на „Вила Парк“.
Јунајтед и Астон Вила постигнаа договор – клубот од Бирмингем ќе покрива 70% од платата на Рашфорд до летото, кога ќе има можност да го откупи за 40 милиони фунти (околу 48 милиони евра). Исто така, Рашфорд веќе договорил три и пол годишен договор во случај Вила да ја активира откупната клаузула.
Истовремено, на „Вила Парк“ пристигнува и Марко Асенсио, кој ги договори сите услови, иако не е познато дали ќе има опција за откуп на лето.
Со овие засилувања, Емери добива два клучни играчи во борбата на повеќе фронтови. Вила е во осминафиналето на Лигата на шампионите и го чека својот противник од плејофот (Клуб Бриж или Аталанта), додека во Премиер – лигата се наоѓа на осмата позиција со 37 бодови, само четири помалку од четвртопласираниот Манчестер Сити, што остава отворени можности за висок пласман.
Рашфорд и Асенсио може да дебитираат следниот викенд, кога на „Вила Парк“ гостува Тотенхем во ФА Купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
