Connect with us

Ето со шокантна изјава: Тиери Анри не беше на моето ниво

Камерунскиот ас Самуел Ето шокираше со својата изјава дадена во едно интервју. Тој истакна дека Тиери Анри никогаш не бил на неговото ниво според фудбалските квалитети.


Тие двајцата беа соиграчи во Барселона, а Французинот е еден од најдобрите фудбалери во Премиер – лигата на сите времиња и остави голем белег во Арсенал пред да се пресели на „Камп Ноу“.

„Мислам дека Анри не беше на нивото на Николас Анелка. Анри беше добар, но верувајте дека добро ги знам двајцата. Во секој случај, тој не беше на моето ниво. Оние кои играат во репрезентацијата на Франција имаат 70% повеќе шанси за успех. Не затоа што се подобри, туку затоа што Франција ги продава подобро, а потоа беа доведени на наше ниво“, изјави Ето.

Оваа негова изјава предизвика лавина од коментари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови