Светските ѕвезди се простуваат од Диего Марадона кој пред два дена почина во својот дом во Аргентина на 60-годишна возраст. Замина во легендите еден од најголемите во историјата, а Камерунецот Самуел Ето во посветата за него истакна дека Марадона бил од друга планета.
„Ова се тажни денови за секој што и малку го сака фудбалот. Диего Марадона беше најголемиот, тој беше од друга планета. Беше идол на многу генерации и допрва ќе биде уште на многу генерации. Таквите легенди се бесмртни. Сите други се зад него во фудбалската игра“, истакна Самуел Ето.
Аргентина прогласи тридневна жалост, телото на Диего Марадона беше изложено во претседателската палата и од него се простија повеќе од еден милион Аргентинци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













