
Атлетико Мадрид пропушти голема шанса да остане во чекор со водечките екипи во Ла Лига, откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Еспањол.
Тимот на Диего Симеоне ќе жали за овој резултат, бидејќи со ремито дополнително си ја искомплицира трката за титулата. Сега „јорганџиите“ заостануваат шест бода зад лидерот Барселона и три зад Реал Мадрид, а притоа имаат и натпревар повеќе.
Атлетико тргна добро. Цезар Аспиликуета постигна вистински еврогол во 38. минута и донесе водство за својот тим. Но, во второто полувреме домаќините добија шанса од белата точка, а Хави Пуадо во 71. минута не промаши и му донесе важен бод на Еспањол.
За Атлетико ова е резултат кој сигурно ќе боли, бидејќи притисокот во борбата за врвот станува сè поголем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
