Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен размислува за враќање на фудбалскиот терен, повеќе од шест месеци откако колабираше на стадионот „Паркен“ на Европското првенство. Тој верува дека повторно ќе може да игра фудбал, а во првото официјално интервју по немилиот настан им се заблагодари на сите кои му помогнаа и му дадоа поддршка во најтешките мигови од животот.
„Бев мртов пет минути, а потоа ме оживеаја. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа придонес, кои ги запознав преку тешката животна ситуација низ која минував. Многумина беа загрижени, ми испраќаа мејлови, писма, цвеќиња во болница. Би сакал да им се заблагодарам на сите“, вели Ериксен.
Тој вели дека бил свесен, но потоа во еден момент се загубил и не се сеќава…
„Знам дека загубив рамнотежа и паднав, а прво дотрчаа моите соиграчи. Потоа репрезентативните лекари со дефибрилатор ми помогнаа моето срце повторно да чука. Во еден момент се изгубив, не се сеќавам на се. Но, сега сум подготвен да продолжам и да му се вратам на фудбалот“, истакна Ериксен.
It’s been a while.
— Christian Eriksen (@ChrisEriksen8) January 4, 2022
I hope this video explains how I feel towards all the messages, letters, mails, flowers, thoughts and everything else I’ve got!
Thank you for all the ❤️ pic.twitter.com/0uvmvsn5D8
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal