Ерик тен Хаг ги коментираше гласините дека би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед поради неубедливите резултати на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Искусниот холандски стратег не се сомнева дека ќе ја задржи функцијата на „Олд Трафорд“.
„Имам договор на три години. Не ми е важно што се пишува и зборува. Во процес сум и целосно сум фокусиран на тоа. Силно верувам дека раководството ме поддржува. Знам што правам, многу пати разговарав со Сер Џим Ретклиф. Редовно разговараме за иднината. Се работи за заедничка иднина“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Дваесеткратниот шампион на Англија минатата недела претрпе пораз на домашен терен од Фулам со 1-2 и се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер – лигата.
Вечерва Манчестер Јунајтед гостува кај Нотингем Форест во осминафиналето на ФА Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













