Connect with us

Ерик Даер потпиша за Баерн Минхен

Германскиот шампион Баерн Минхен официјално го објави потписот со англискиот интернационалец Ерик Даер, кој на „Алијанц Арена“ пристигнува од Тотенхем како позајмен до крајот на сезоната.


Дефанзивецот ќе го носи дресот со број „15“ во својот нов клуб. Покрај како централен дефанзивец, Даер може да игра и како дефанзивен играч за врска. Досега оваа сезона има забележано само четири настапи за Тотенхем и затоа бара место каде што ќе добие поголема минутажа со надеж дека ќе влезе во составот на Англија за ЕВРО 2024.

Даер е вториот играч на Тотенхем кој им се приклучи на Баварците во изминатите неколку месеци, откако германскиот бундеслигаш го купи одличниот напаѓач Хари Кејн минатото лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови