
Поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, се враќа во Вилјареал. Откако Бешикташ реши да го отстрани од тимот поради недисциплина, новиот тренер Марселињо го повика стоперот и реши да го врати во Вилјареал.
Баи стекна репутација во Вилјареал, од каде во 2016 година направи трансфер во Манчестер Јунајтед на барање на Жозе Мурињо за 38 милиони евра.
Баи беше важна алка кај Португалецот, подоцна го загуби местото како стартер и не играше баш најдобро, па замина на позајмица во Олимпик Марсеј.
Кога летово му истече договорот со Јунајтед, тој замина во Бешикташ како слободен играч, но таму се судри со тренерот и беше отстранет од тимот.
Ова го искористи Вилјареал, кој по седум и пол години го врати стоперот од Брегот на Слоновата Коска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
