Дресот на Интер речиси три децении го имаше натписот на компанијата за автомобилски гуми „Пирели“, но по цели 27 години соработката завршува.
Спонзорот „Пирели“ нема веќе да биде на дресот за следната сезона, тоа го потврди извршниот директор на компанијата, Марко Тронкети Провера.
„Нема веќе да бидеме спонзори на дресот на Интер, но нашиот однос со клубот ќе продолжи. Разговараме со Антонели и со Марота како ќе изгледа понатамошната соработка“, изјави Марко Провера.
Интер има сериозни финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот, па се очекува следниот потег на сопственикот на компанијата Сунинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













