Connect with us

Енцо Фернандез се договорил за трансфер во Челси

Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез е блиску до трансфер во Челси. Играчот за врска ги договорил личните услови и прифатил преселба на „Стемфорд Бриџ“.


Останува неговиот сегашен клуб Бенфика да се договори со Челси за висината на трансферот и динамиката на плаќање.

21-годишниот фудбалер има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клаузула според која е слободен за 120 милиони евра.

Челси се обидува да издејствува плаќање на трансферот во неколку рати, при што комплетната сума би можела да оди и над вредноста на клаузулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови