Македонскиот репрезентативец Енис Барди дефинитивно ќе го напушти Леванте на крајот од сезоната. Иако клубот ја искористи клаузулата во договорот за еднострано продолжување на соработката за уште две сезони, сепак, доколку Леванте испадне од елитата, Барди ќе побара нова средина.
Во овој момент, како што откриваат шпанските медиуми, одличниот играч за врска е во напредни преговори со Бетис. Доколку се биде в ред, тој од следната сезона ќе се пресели во Севилја и ќе го носи дресот на Бетис.
Леванте за Барди бара отштета од околу 10 милиони евра што нема да претставува посебен проблем за раководството на Бетис.
Енис Барди веќе се сретна со претседателот на Леванте и побара да биде продаден, а тоа треба да се случи на крајот од сезоната. Тој се сложи да остане и да му помогне на тимот да го избегне најлошото, испааѓање во Секунда, но во моментот е се уште далеку од реализација на оваа цел.
За Барди има интерес и од Реал Сосиедад во Шпанија, како и од Милан и од Торино во Серија А.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski