Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на четиримесечна затворска казна поради користење на лажна возачка дозвола. Шпанските медиуми откриваат дека Барди ја признал вината и ја прифатил казната откако на судењето во Валенсија било потврдено дека документот е лажен.
Сепак, судијата веднаш ја заменил затворската казна со условна казна од две години, со напомена дека македонскиот репрезентативец не смее да направи ново кривично дело во тој период.
Барди во април минатата година бил запрен од полицијата во Валенсија во рутинска контрола, а потоа било утврдено дека возачката дозвола не е изработена според пропишаните стандарди.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski