
Пари Сен Жермен почнува нова ера, со оглед дека заминува и Килијан Мбапе, третиот од некогашното ѕвездено трио, Мбапе – Нејмар – Меси. Во иднина клубот ќе се посвети на градење на нов тим, и тешко дека може да го надомести заминувањето на француската ѕвезда.
Емирот на Катар смета дека играчи како Мохамед Салах од Ливерпул или Виктор Осимен или Хвича Кварацхелија од Наполи можат да бидат добри како замени, но на крајот е убеден дека само еден фудбалер е на нивото на Мбапе.
„Има еден, но тој веќе има клуб… Јасно е дека не можеме да го доведеме“, изјави катарскиот емир, алудирајќи на Винисиус Жуниор, одличниот бразилски напаѓач кој неодамна со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите.
Ал Тани истакна дека „Винисиус е единствениот играч кој наликува на Мбапе“. Бразилецот и Французинот ќе играат заедно и ќе сочинуваат еден од најсилните напаѓачки тандеми во светот на фудбалот и вистинското прашање е кој може да ги запре.
„Кога ќе тргне, никој не може да го спречи Винисиус. Тој е застрашувачки добар“, изјави емирот.
Неговите одлични настапи за Реал Мадрид го кандидираат и за прв фаворит за освојување на „Златната топка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
