
Воска Спорт го победи Пелистер со 2-1 во дербито на колото во Втората фудбалска лига. Мечот беше одложен поради политичката средба меѓу Вучиќ и Курти која изминатиот викенд се одржа во Охрид.
Капитенот на Воска, Изаир Емини, беше творец на победата на Воска која сега се проби на втората позиција на табелата со 50 бода, два помалку од лидерот Вардар.
Емини во десеттата минута постигна фантастичен гол од слободен удар и го отвори резултатот. Во 77.минута Емини постигна и втор гол и го доближи домашниот тим до триумф.
Во судиското продолжение, Борче Маневски од пенал го постави конечниот епилог на дербито.
Пелистер по овој пораз остана на четвртата позиција со 43 бода, девет помалку од лидерот Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal