
Бразилецот Емерсон на почетокот на летото пристигна на „Камп Ноу“, но во Барселона остана само нешто повеќе од еден месец. Изненадувачки, во последниот ден од преодниот рок беше продаден во Тотенхем. Тој вели дека е среќен што ќе игра во Премиер – лигата, но останал разочаран од потегот на Барселона.
„Сонував да играм за Барселона, како дете го гледав клубот поради Роналдињо, подоцна поради Меси, Алвеш, Нејмар…Дани Алвеш беше мојот идол и се надевав дека можам да бидам успешен како него во Барселона. Но, клубот многу ме разочара. Во неделата играв со Хетафе, а другиот ден дојдов на тренинг и ми кажаа дека Тотенхем испратил понуда, а клубот ја прифатил. Ми кажаа дека финансиската ситуација не е добра и затоа мора да ме продадат“, изјави Емерсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal