
Елиф Елмас во третото коло од „Серија А“ за првпат ќе биде стартер во тимот на Наполи, откако Карло Анчелоти го вклучи македонскиот репрезентативец меѓу единаесетмината што ќе го почнат натпреварот со Сампдорија.
Согласно најавите, Анчелоти ќе одмори дел од првотимците за претстојниот меч со Ливерпул во ЛШ, па Елмас ќе добие шанса на местото на Бразилецот Алан.
Македонскиот репрезентативец ќе добие шанса во триото во средниот ред заедно со Зјелински и со Фабијан Руиз, додека во нападот на Наполи ќе се појават Лозано, Мертенс и Калјехон. На голот на „наполитанците“ ќе се најде Мерет, а во одбраната приодите ќе се обидат да ги затворат Кулибали, Максимовиќ, Ди Лоренцо и Марио Руи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal