Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се враќа по повредата во тимот на Лајпциг и ќе биде во ростерот на Марко Росе за утрешниот натпревар против Јувентус во второто коло од Лигата на Шампионите.
Елмас има сериозен бекграунд во Серија А, а Германците го искористија и како главен извор на информации за Јувентус.
„Тешко да се игра против италијански екипи, особено против Јувентус, еден од најголемите клубови во оваа земја. Имам одиграно бројни натпревари против нив, знам колку можат да бидат опасни. Сезонава и одлично се бранат, погледнете ја само нивната статистика, но исто така можат да бидат и многу опасни во нападот. Едвај чекам да почне натпреварот, кој сигурно ќе биде многу интересно, особено бидејќи се игра овде во Лајпциг, пред нашите фанови“, изјави Елмас.
Елмас се обдие да направи споредба и меѓу Серија А и Бундес-лигата.
„Бундеслигашките екипи играат директен, но и физички фудбал, со многу трчање и офанзивен пристап. Во Италија повеќе се размислува за тактика, да се задржи поседот на топката. Сигурно дека и двете лиги се многу квалитетни и се дел од Топ 5 во Европа“, истакна македонскиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













