Connect with us

Елмас стартер, Наполи во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија откако на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го совлада Емполи со 3-2. Во следната рунда, „наполитанците“ ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Рома и Специја.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на овој меч, играше до 70.минута кога на негово место влезе Лоботка. 

Џовани Ди Лоренцо го отвори резултатот во 18.минута, но Недим Бајрами израмни во 32.минута. Наполи вторпат дојде до предност со погодокот на Ирвинг Лозано во 38.минута, а Емполи не се предаде и повторно изедначи во 68.минута. 

Андреа Петања во 77.минута го постигна победничкиот гол за „наполитанците“.

Интер по продолженија славеше со 1-2 на гости против Фиорентина и се пласира во следната рунда од италијанскиот Куп. Ромелу Лукаку во 119.минута стрелаше за победа. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови