Connect with us

Елмас се врати на теренот, Наполи загуби од Сасуоло (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се врати на теренот по принудната пауза поради пандемијата со коронавирусот. Тој беше позитивен на Covid-19 и мораше долго да остане во изолација, но денеска ги одигра последните дваесетина минути во дресот на „наполитанците“. Неговиот тим загуби на домашен терен со 0-2 од Сасуоло. 

Во 58.минута, Мануел Локатели од пенал го постигна водечкиот гол за Сасуоло на овој меч, а триумфот го потврди Лопез во судиското продолжение.  

Рома на домашен терен го совлада составот на Фиорентина со 2-0, со головите на Спинацола и на Педро. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови