Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас првпат беше стартер во тимот на Лајпциг во Бундес-лигата, а неговиот тим го победи Дармштат со 2-0. Елмас го одигра првото полувреме, имаше неколку изгледни шанси, но не успеа да постигне погодок. Лајпциг поведе со автоголот на Ишервуд во третата минута, а вториот гол го постигна Баумгартнер во 50.минута.
Баерн Михен со 8-1 го декласира Мајнц на „Алијанц арена“. Хари Кејн постигна хет – трик, Леон Горецка беше двоен стрелец, а погодија и Томас Милер, Џамал Мусијала и Серж Гнабри. Единствениот гол за Мајнц беше дело на Надиен Амири.
Борусија Менхенгладбах и Келн одиграа 3-3, а Аугсбург го победи Хајденхајм со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













