Connect with us

Елмас: Ова се тестови за да ги согледаме нашите слаби страни

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 на пријателскиот натпревар против Финска во Скопје. Елиф Елмас сега има многу поголема самодоверба, со оглед дека има и многу поголема минутажа во Наполи, а истакна дека националниот тим може многу подобро и ова се тестови на кои треба да се согледаат слабите страни.


„Напаѓавме, но имаме проблем со реализацијата. Сепак, и тоа е дел од фудбалот. Овие тестови се токму за тоа, за да ги согледаме нашите слаби страни и некои недостатоци. Секогаш сме тука да го дадеме максимумот на секој натпревар во репрезентативниот дрес. Финска е сепак силна репрезентација“, изјави Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови