
МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Фудбалска Македонија вечерва повторно ќе биде на нозе, затоа што нашите најдобри фудбалери ќе играат против европскиот првак. Ако некој знае од нашите како е да се игра на „Олимпико“, тоа е Елиф Елмас, нашиот „италијанец“ кој игра за Наполи.
„На „Олимпико“ секогаш има чудесна атмосфера. Верувам дека така ќе биде и вечерва, а тоа е уште еден дополнителен мотив за нас фудбалерите да одиграме најдобро што знаеме. За Македонија секако е ова нов предизвик, ќе играме против многу силна селекција, Спалети форсира брз и агресивен фудбал со многу трчање и висок пресинг, но не им се плашиме на Италијанците. Знаеме дека можеме да се носиме, сме го докажале досега тоа на претходните дуели. Ова е сосема нов натпревар, ќе мора да одговориме на задачите на селекторот Благоја Милевски и да се држиме до нашиот план. Да, на Италијанците им е потребна победа, но за тоа нека мислат тие. Ние исто така сакаме да забележиме позитивен резултат и ќе го дадеме максимумот, како и секогаш“, изјави Елиф Елмас.
Дуелот меѓу Италија и Македонија е закажан за вечерва, со почеток во 20.45 часот, на Олимпискиот стадион во Рим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
