
Елиф Елмас е многу блиску до реализација на „трансфер од соништата“ откако Тотенхем испратил богата понуда за да го доведе македонскиот „дијамант“ во своите редови. Турските и британските медиуми објавија дека Маурицио Покетино е подготвен да плати 20 милиони евра за Елмас, понуда што е задоволителна за челниците на Фенер, кои ќе дадат зелено светло за заминување на македонскиот репрезентативец од Истанбул.
Сумата понудена од Тотенхем е повисока од оние што претходно ги понудиле Кардиф и Лестер, но и италијанските прволигаши Лацио и Фиорентина кои исто така сакаат да го доведат Елмас во својот табор. Тотенхем беше многу „тивок“ на пазарот во последните два преодни рока, но Покетино овојпат најавува мини-ремонт во својот тим што би почнал токму со Елмас.
Аргентинецот важи за стратег што не се плаши да им дава шанса на млади фудбалери да блеснат на големата сцена, па Елмас сигурно би добил можност да ги покаже своите квалитети и во Премиер-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
