Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути на денешниот дуел со Полска, а младаиот ас на Фенербахче по мечот со право беше разочаран од конечниот исход на овој меч. Сепак, Елмас останува оптимист дека „црвено-жолтите“ ќе се покажат во уште подобро светло на дуелот со Австрија, на кој триумф ќе ја врати Македонија во игра во трката за второто место во групата.
„Мислам дека игравме добро, но Полјаците имаа повеќе среќа од нас. Дадоа гол во вистински момент, на стартот од второто полувреме, но ете – денеска не не посака среќата. Ќе беше многу подобро ако мечот завршеше нерешено, но тоа е фудбалот, некогаш се случуваат и вакви незаслужени порази. Убеден сум дека ќе се издигнеме од овој пораз, ние сме карактерно добри фудбалери, имаме одличен стручен штаб и очекувам да играме на победа против Австрија, како што впрочем играме и на сите останати натпревари“ – порача Елиф Елмас.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski