МАКФУДБАЛ во Рим,
Никола Ѓуровски
Елиф Елмас е единствениот „италијанец“ во нашите редови, со оглед дека настапува во Наполи, а и одлично го познава селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети, кој минатата сезона го предводеше шампионскиот состав на „наполитанците“.
Тој е сигурен дека Италија ќе игра агресивно, со висок пресинг, и дека има мисија да победи. Но, исто така напоменува и дека Македонија сака да одигра нов одличен меч против актуелниот европски првал.
„Играме против една многу квалитетна репрезентација, но очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија. Во Рим секогаш има одлична атмосфера, ќе биде така и утревечер, но ние не се плашиме. Дојдовме да одиграме најдобро што знаеме и да се обидеме да освоиме три бода. Мислам дека Италијанците сигурно нема да нѐ потценат“, истакна Елиф Елмас на прес – конференцијата пред утрешниот квалификациски дуел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski