Италијанскиот калчолигаш Наполи загуби со 2-0 на гости во Шпанија против Гранада во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер, го одигра целиот меч, но Херера и Кенеди донесоа солидна предност за шпанскиот тим пред реваншот во Неапол.
Арсенал ремизираше (1-1) против Бенфика на неутрален терен во Рим. Пици од пенал ја доведе Бенфика во водство во 55.минута, а две минути подоцна израмни Бакајо Сака.
Ајакс во финишот со пресврт дојде до победа против Лил (1-2). Томоти Веа во 72.минута донесе предност за Лил, но Душан Тадиќ од пенал и Брајан Броби во три минути направија комплетен пресврт.
Глазгов Ренџерс славеше со 3-4 на гости против Антверпен, а Вилјареал со 0-2 го совлада Салцбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













