Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед е заинтересиран за младата македонска ѕвзеда Елиф Елмас. Менаџерот Марсело Биелса е воодушевен од неговите игри за македонската фудбалска репрезентација и сака да го доведе на Островот.
Фудбалерот на Наполи постигна прекрасен гол против Словенија, а имаше одлична партија и против Казахстан, на пријателските натпревари на Македонија пред ЕВРО. Марсело Биелса смета дека Елмас би бил големо засилување за офанзивниот дел од составот на Лидс Јунајтед и побарал од раководството да се обиде да го доведе на „Иланд Роуд“.
Лидс Јунајтед се обидува да го продолжи договорот и со Езгјан Алиоски. Левиот бек доби нова понуда за потпис на нова соработка, со оглед дека актуелниот договор истекува на крајот на јуни.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski