Connect with us

Елмас: Единствено е важно Македонија да победува и сите да се радуваме!

Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 2-1 против Малта ги почна квалификациите за ЕВРО 2024. Нашиот национален тим се намачи да го разбие бункерот на Малтежаните, а тоа конечно му успеа на Елиф Елмас во 66.минута. Шест минути подоцна погоди и Дарко Чурлинов, а Малта во финишот сепак постигна погодок и притискаше за израмнување. Но, бодовите останаа за нашите фудбалери.

„Ова е многу важна победа за нас. Беше тешко, знаевме дека ќе биде така, секој прв натпревар во квалификациите е посебно тежок. Малта се бранеше со голем број фудбалери и не беше лесно да се пробие тој бедем. Но, успеавме во тоа и триумфот е единствено важен. Мислам дека сплотеноста и победничкиот дух во тимот си го сторија своето. Во јуни нѐ очекуваат дуели со Украина и со Англија и мислам дека овој тим може да покаже уште поголем квалитет“, изјави Елиф Елмас, стрелецот на првиот погодок во победата над Малта.

Голманот Столе Димитриевски замина од националниот тим со дозвола од селекторот, а на барање на Рајо Валјекано. На пријателскиот меч со Фарски Острови, шанса ќе добијат некои други репрезентативци, кои немаа голема минутажа против Малта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови