Connect with us

Елмас е супер оптимист: Ќе победиме на сите три натпревари во групата!

Младата македонска ѕвезда Елиф Елмас се наоѓа во одлична форма пред почетокот на Европското првенство, „пука“ од самодоверба и даде супер оптимистичка прогноза во емисијата „Еден на еден“. Тој тврди дека Македонија може да оствари триумф на сите три натпревари во групата, против Австрија, Украина и против Холандија.

„Може јас да дадам една прогноза. Ќе победиме на сите три натпревари во групата“, изјави Елиф Елмас.

Емисијата „Еден на еден“ ќе се емитува во недела со почеток од 18:30 часот на „Канал 5“ телевизија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови