
Наполи го забележа осмиот пораз во Серија А оваа сезона откако загуби во Бергамо од Аталанта со 4-2. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше стартер за „наполитанците“ и играше до 53.минута кога на негово место во игра влезе Лоренцо Инсиње.
Аталанта беше подобар ривал и со триумф се проби на четвртата позиција на табелата. Во првиот дел немаше ниту еден гол, но потоа паднаа дури шест во второто полувреме.
Запата во 52.минута донесе водство за Аталанта, а шест минути подоцна израмни Зиелински. Но, Аталанта повторно додаде гас и дојде до 3-1 со головите на Госенс и на Мјуриел. Наполи намали со автоголот на Госенс, но Кристијан Ромеро стави крај на надежите на „наполитанците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
