
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е најдоброоценетиот фудбалер на Наполи во вчерашната победа против Сампдорија во 3. коло од Серија А.
Заедно со стрелецот на двата погодоци во триумфот од 2-0, Дрес Мертенс, македонскиот фудбалер доби највисока оценка од италијанските медиуми за играта против тимот од Џенова.
„Малиот Модриќ ја чувствува играта со својата елеганција. Танцува фасцинантно на терен како тоа да е најлесната работа на светот, и секогаш максимално корисен за тимот… Анчелоти му даде самодоверба, и сега тоа е едноставно незапирлив. Постојано беше во срцето на играта, многу повеќе од сите останати негови соиграчи од средниот ред. Одлични индивидуални квалитети преку кои сам си создава можности и за гол, иако на крај остана несигурен при реализацијата“ – пишува „Кориере дела спорт“ која го оцени со 7,5 како најдобар фудбалер на мечот.
Извонредни оценки Елмас доби и од „Газета дело спорт“, „Тутоспорт“, „Република“…
#Elmas, i quotidiani: “Il piccolo #Modric riempie la partita”https://t.co/LjdKSmgbIR
— CalcioNapoli1926.it (@cn1926it) September 15, 2019
Елмас за првпат ја доби довербата на Карло Анчелоти како стартер и одигра одлични 76 минути кога беше заменет со Инсиње. Согласно статистиката Елмас имаше 52 додавања во средниот ред со 92% прецизност, пет од осум добиени дуели и само една загубена топка, притоа со четири обиди кон противничкиот гол од кои еден шут во рамките на голот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
