
Градоначалникот на Неапол. Луиџи де Магистрис, потврди дека процедурите за менување на името на стадионот ќе бидат завршени до крајот на оваа седмица. Во петок ќе биде свикан совет на градот Неапол на кој се очекува името на стадионот од „Сан Паоло“ да биде променето во „Диего Армандо Марадона“, во чест на трагично починатата ѕвезда на светскиот фудбал. Елиф Елмас и соиграчите од Наполи најверојатно веќе следниот меч на домашен терен ќе го играат на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
„Процедурите ќе бидат спроведени во најбрз можен рок. В петок треба да биде одржан совет на градот Неапол, а потоа и собрането да ја потврди промената на името. Мислам дека следниот меч Наполи ќе го игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Со тоа вечен ќе биде споменот на легендарниот фудбалер кој многу го задолжи градот Неапол“, изјави градоначалникот Луиџи де Магистрис за италијанските медиуми.
Наполи синоќа во емотивен меч ја совлада Рома со 4-0. Елиф Елмас учествуваше во акцијата при постигнувањето на третиот гол на Дрис Мертенс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal