Фудбалската репрезентација на Македонија оствари огромен успех со пласманот во баражот за Светското првенство. Нашиот национален тим го совлада Исланд со 3-1 во решавачкиот меч и повторно се вметна меѓу европската елита, 12-те селекции кои преку дополнителен турнир ќе се борат за место на мундијалот.
Сите фудбалери беа фантастични, вклучувајќи ги и оние кои беа предводници во првиот дел од квалификациите, пред се Горан Пандев, Илија Несторовски, Аријан Адеми…,
Според статистичките показатали на „FedEx Performance Zone“, на официјалната страница на УЕФА, најдобар македонски фудбалер во овие квалификации за СП е Елиф Елмас. Тој собра вкупно 121 поен во рангирањето кое се врши по неколку параметри (број на одиграни натпревари, оценки за игрите, постигнати голови, асистенции, освоени и загубени топки). Веднаш зад него е дефанзивецот Дарко Велковски (112 поени), а на третото место е Езгјан Алиоски. Потоа следуваат Александар Трајковски, Енис Барди и Дарко Чурлинов…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski