Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас експресно го победи коронавирусот. Клубот Наполи објави дека сите фудбалери се негативни на најновото тастирање, но Елмас сепак нема да може да и помогне на нашата репрезентација на утрешниот историски меч против Косово. Тој и Зиелински беа позитивни на претходното тестирање на Covid-19 поради кое тимот не отпатува и на дербито против Јувентус во Торино.
Целиот тим беше сместен во изолација, а со нив и Амир Рахмани, капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, кој исто така ќе го пропушти утрешниот меч на двете селекции во Скопје. Во наредните денови ќе следат уште неколку тестирања на комплетниот состав на „наполитанците“.
Tutti negativi al Covid-19 i tamponi effettuati stamattina ai componenti del gruppo squadra. Manca solo il tampone di Stanislav Lobotka che non è stato ancora elaborato. Risulta positivo al Covid-19 un calciatore appartenente alla rosa della Primavera.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 7, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski