
Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа вториот тренинг во Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија (22. март) и Црна Гора (25. март) на стадионот „Мардан“ во Анталија. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Играчот за врска Агон Елези смета дека на претстојните натпревари важна е не само играта на нашата репрезентација, туку и резултатот од мечевите.
„Секогаш кога се игра за Македонија не само играта, туку и резултатот е многу важен, иако се работи за контролни натпревари. Тоа ќе ни даде дополнителен импулс и зголемување на самодовербата за следните натпревари. Се надевам и очекувам да ја задржиме позитивната атмосфера од последниот собир. Двата меча се одлична подготовка за предизвиците кои ни следуваат. Молдавија и Црна Гора се одлични селекции, ние имаме нова генерација и ни требаат вакви натпревари“, изјави Елези.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
