Connect with us

“Ел Класико” дуел и за Мбапе: Барселона ја краде ѕвездата од рацете на Реал Мадрид?

Барселона ќе се обиде да го ангажира Килијан Мбапе во 2022 година како слободен агент. Каталонците ќе го вклучат посредникот и познат агент, Пини Захави, кој беше директно вклучен во трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен, вреден 222 милиони евра.

Бидејќи договорот на Мбапе со парижаните истекува следното лето, Барса во јануари, ќе треба само да му плати на ПСЖ помала сума од бараната. Иако Реал Мадрид е подготвен да плати само 50 милиони евра, се верува дека лутиот ривал ќе може да понуди 90 милиони евра, вели “Диарио АС”.

Единствениот проблем е што “кралскиот клуб” е подготвен да му понудат на Мбапе многу поголема плата од екипата на Барселона. Инаку, минатото лето, Килијан самиот откри дека би го напуштил францускиот првак само за Реал Мадрид. Сепак, играчот не даде гаранции за неговата иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови