Connect with us

Ел Гази го доби Мајнц на суд и мора да го вратат во клубот: Фудбалерот што ја поддржа Палестина ќе добие отштета од 1,7 милиони евра

Судот на трудот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја поништи одлуката за негово отпуштање од германскиот бундеслигаш Мајнц поради изразување поддршка за Палестина.

Холандскиот фудбалер со мароканско потекло беше отпуштен минатиот ноември од Мајнц, по што поднесе тужба. Епилогот е дека Мајнц ќе мора да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила.

Договорот на играчот првично требаше да истече на крајот на јуни оваа година, но вклучуваше клаузула за едногодишно продолжување доколку Мајнц остане во Бундес-лигата, што и го направи, па договорот автоматски се продолжи.

Нивниот спор започна наскоро по нападот на 7 октомври, кога фудбалерот на англиски јазик објави слоган „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“.
Ел Гази потоа ја избриша својата објава, а Мајнц изјави дека Ел Гази покажал жалење за претходната објава и му беше дозволено да се врати на тренинзите со првиот тим.

По неколку дена, фудбалерот повторно се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека ги осудува смртта на цивилите, антисемитизмот, окупацијата и геноцидот, и дека останува на своите претходни ставови.

Мајнц потоа објави раскин на договорот со 29-годишниот фудбалер, а судот утврди дека коментарите на Ел Гази се заштитени со неговото право на слобода на говор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови