МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација загуби од Украина со 2-0 во Прага во квалификацискиот меч за пласман на ЕВРО 2024. Стрелци на головите за Украинците беа Георгиј Судаков во 31.минута и Олександр Каравајев со 95.минута, а Македонија имаше многу, многу шанси не само да не загуби, туку и да победи.
Ќе остане да жалиме за шансите на Бојан Миовски, Стефан Ашковски, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас, шутевите на Барди, Алими…
Но, украинскиот голман Трубин со сите нив излезе како победник. Реализацијата на Македонија не беше на ниво.
Украина тргна офанзивно, Довбик во 12.минута побегна од десната страна, но Столе Димириевски имаше одлична интервенција. Три минути подоцна проби Мудрик од левата страна, но повторно Столе Димитриевски беше на висина на задачата.
Во 22.минута, се закани и Македонија. Бојан Миовски доби одлична длабинска топка, шутираше откосо од левата страна, но Трубин одбрани.
Во 31.минута, Украина дојде во водство. Георгиј Судаков се одлучи на удар од 18 метри, топката удри во македонски дефанзивец, го измами Столе Димитриевски и ја затресе мрежата на Македонија.
Бојан Миовски можеше да израмни само пет минути подоцна. Доби одлична топка од Манев, го надмудри противникот, шутираше, но Трубин одбрани.
Во 37.минута, Миовски му подготви шанса на Ашковски, тој шутираше откосо од десната страна, но повторно Трубин спречи израмнување.
Во 44.минута, Елиф Елмас шутираше од левата страна, но крај голот на Украина.
Македонија продолжи да создава шанси и во вториот дел. Во 54.минута, Дарко Чурлинов одлично проби, излезе сам пред голот на Украина, но и неговиот шут Анатолиј Трубин рефлексно го одбрани.
Возвратија и Украинците. Довбик извлече противнапад, го проигра Мудрик, а Столе Димитриевски му влезе во шут и спаси втор гол во неговата мрежа во 58.минута.
Само две минути подоцна, Матвијенко по корнерот од десната страна ја погоди гредата од голот на Македонија.
Во 71.минута, Енис Барди се одлучи за шут од 20 метри, но над голот на Украина. Две минути подоцна и Аријан Адеми шутираше, но директно во Трубин.
Во 82.минута, стрелецот Судаков беше блиску до втор гол. Шутираше силно од 25 метри, а Столе Димитриевски со крајно напори исфрли во корнер.
Селекторот Благоја Милевски ги уфрли и Дориев и Трајковски, фрли сѐ во офанзива, но, за жал, Македонија не постигна гол.
Во 87.минута, Роман Јаремчук беше во шанса, но одбрани Столе Димитриевски.
Во последните мигови, кога Македонија тргна комплетно во напад, па дури и Соле Димитриевски не беше на гол-линијата, Олександр Каравајев постигна втор гол од голема далечина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski