
Поранешниот легендарен голман на Ајакс, Јувентус и Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, кој доживеа мозочно крварење, сега е пренесен во својата родна Холандија. Ова го откри неговата сопруга Анемари.
„Едвин е префрлен од Хрватска и моментално е на интензивна нега во Холандија. Неговата состојба останува иста – стабилна, не е опасна по живот. Едвин ќе остане на интензивна нега каде што ќе биде подложен на дополнителни прегледи и семејството искрено се надева дека тој потоа ќе може да се фокусира на неговото закрепнување“, изјави сопругата на Едвин ван дер Сар.
На 7 јули, 52-годишниот Холанѓанец беше хоспитализиран со крварење во мозокот додека беше на одмор во Хрватска. Во мај 2023 година, тој ја напушти функцијата извршен директор на Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
