Фудбалерот на Ливерпул, Трент – Александер Арнолд, нема да настапи на Европското првенство. Тој заработи повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира во наредните шест седмици. Ова значи дека автоматски отпаѓа од комбинација за настап во репрезентацијата на Англија на ЕП.
Имаше најави дека Трент – Александер Арнолд нема да се најде на списокот на селекторот на Англија, Герет Саутгејт, но тој сепак го помина филтерот и беше пријавен во составот на гордиот Албион. Сепак, на синоќешниот пријателски натпревар против Австрија (1-0) во Мидлсборо, десниот бек заработи сериозна повреда поради која ќе мора да паузира месец и половина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













