За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на Sport Life, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – Sport Life Јуниор ден.
Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во Sport Life обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет.
Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел, децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина. Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.
„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан. – истакнуваат од Sport Life.“
Атмосферата беше забележана и преку кратко видео кое може да го видите тука.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski