
Извршниот директор на Арсенал, Еду, смета дека на тимот и на менаџерот Микел Артета им треба малку повеќе време и дека критиките упатени кон нив на стартот од сезоната се претерани. „Топчиите“ врзаа порази од Брентфорд, Челси и од Манчестер Сити на отворањето на сезоната, прими дури девет гола, а не постигна ниту еден.
„Факт е дека имаме слаб старт, но, сепак, не можевме да сметаме на сите играчи“, вели Еду.
Ова е најлошиот старт на Арсенал во својата историја, но Еду забележува дека Микел Артета не можеше да смета на повеќето од главните играчи во тие средби. Томас Парти, Габриел и Нкетија ги пропуштија сите натпревари, додека на некои натпревари отсуствуваа и Пјер-Емерик Обамејанг, Александре Лаказет, Николас Пепе и Бен Вајт.
“Секако дека не боли оваа ситуација. Не сакаме да го гледаме тимот на оваа позиција на табелата, но сакаме да ги видиме сите играчи заедно. На овие три натпревари не видов како играат сите наши играчи. Сакам да го видам целиот тим заедно и тогаш ќе можете да судите“, истакнува директорот на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
