
Италијанскиот калчолигаш Фиорентина објави дека Едоардо Бове излезе од болница откако колабираше на натпреварот против Интер на 1 декември, кој веднаш беше прекинат.
На Бове во вторникот му беше вграден дефибрилатор, но тоа може да создаде големи проблеми во неговата фудбалска кариера. Серија А има строги правила кои не дозволуваат играчи со вграден дефибрилатор да настапуваат на натпреварите.
Оваа ситуација потсетува на случајот на Кристијан Ериксен во 2021 година. По срцевиот удар, Ериксен доби дефибрилатор, но мораше да го напушти Интер поради правилата на Серија А и ја продолжи кариерата во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal