Connect with us

Едоардо Бове им кажал на свршеницата и на тренерот: „Добро сум“

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој ја загуби свеста за време на натпреварот со Интер во Серија А, а дуелот беше прекинат, се освести во болницата „Кареџи“ во Фиренца, објавува весникот „Газета дело Спорт“.

Бове им се насмевнал на своето семејство и на тренерот Рафаеле Паладино, кои биле покрај него во медицинската установа, и рекол: „Добро сум“.


До неговиот болнички кревет биле свршеницата Мартина, мајка му Тања и татко му Џовани. Фудбалерот ќе биде отпуштен од болницата кога сите вредности ќе му се стабилизираат. Кардиолошките прегледи на играчот продолжуваат.

Сега се истражува што го предизвикало запирањето на срцето на Бове. Првата дијагноза е аритмија, форма на коморна тахикардија која се развива кај лица со електрична активност на срцето.

Првичните анализи не утврдиле повреди на градниот кош кај фудбалерот. Исто така, нема оштетувања на централниот нервен систем. Досега кај Бове не била утврдена никаква срцева аномалија.

Сè уште не е познато кога и дали воопшто Едоардо Бове ќе се врати на теренот, поради строгите италијански закони во оваа област.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови