Connect with us

Еден од капитените ја напушта Барселона?

Еден од капитените на Барселона, Серхи Роберто, е незадоволен од понудата што клубот му ја понуди за продолжување на соработката.


Како што пренесува „ЕСПН“, Серхи Роберто не е задоволен од понудата според која би добил само двегодишен договор, до 2024 година, со намалување на платата од дури 40%.

Преговорите на агентот на Серхи Роберто со раководството на Барселона се уште се во тек, па двете страни се надеваат дека ќе најдат решение за неговиот иден престој во клубот.

Досега Жерар Пике и Жорди Алба потпишаа договори со Барселона и се согласија за драстично намалување на платата. Се уште се водат преговори со Серхи Роберто и со Серхио Бускетс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови