Connect with us

Еден ден по шампионското славје со Интер: Конте „уловен“ на преговори во Торино (ВИДЕО)

Дали Антонио Конте се враќа на клупата на Јувентус? Само еден ден откако Интер ја освои шампионската титула, а тренерот одговори дека не е време за одговори околу иднината, туку за уживање и прослава, Конте беше „уловен“ од медиумите како излегува од хотелот „Торино Палас“ каде најверојатно имал средба со Андреа Ањели.

„Кориере дело спорт“ пред неколку дена ексклузивно најави дека не би било огромно изненадување Антонио Конте да се врати на клупата на Јувентус, иако во моментов многу пореална е опцијата Масимилијано Алегри да го преземе тимот и да го замени Андреа Пирло од почетокот на следната сезона.

Сепак, Конте ќе треба да даде добар одговор зошто беше денеска во Торино…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови